-->
-->
Патниците со задржување од еден час го поминуваат бугарскиот граничен премин кај Делчево
-->
Пад на електронскиот систем на граничниот премин „Станке Лисичково“ повторно предизвика задржување од околу еден час на патничките возила што од Делчево патуваат кон соседна Бугарија. Возачи се жалат дека ова не е прв пат да чекаат повеќе од еден час за влез во соседната држава.
-Некаде околу 15 часот го поминавме граничниот премин Делчево, еве сега е веќе 16:15, се уште чекаме да ја поминеме границата. Пред половина час ни рекоа дека состојбата ќе се реши до 16 часот, но за жал не сме поместени со возилото ниту десет метри, вели револтиран возач од Делчево.
Додава дека ако пред возилата случајно застане камион тогаш застојот е уште поголем.
Според граѓани кои редовно сообраќаат на овој граничен премин, ваквата состојба константно се повторува, особено во денови за викендот кога вообичаено метежот е поголем.
Според граничните служби во Делчево, на македонскиот граничен премин времето на задржување не е поголемо од две минути. Понекогаш се случува да има колона на возила и на македонска страна, но како што велат македонските граничари, тоа е резултат на падот на електронскиот систем на соседниот граничен премин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка