Живот
25. May 2018 - 10:02

Патниците премреа од страв: Погледнете го драматичното слетување на авион, среде силни ветрови и дожд

Еден патник на летот од Шимкент кон Астана во Казахстан, сними драматично слетување кое претставува кошмар за секој кој не сака авиони.

Имено, поради силните ветрови и дождот авионот многу се тресел и вртел при слетувањето пред да запре во тревата зошто излегол од пистата.

Сите патници биле видно вознемирени, но никој не е повреден. Од друга страна, еден од моторите на авионот е оштетен, соопшти персоналот од аеродромот.