Македонија
27. January 2020 - 13:59

Патниците од летот Дубаи не беа проверени на термалната камера

Патниците од летовите од Истамбул и Дубаи мора да поминат на термалната камера на скопскиот аеродром како превентивна мерка од смртоносниот корона вирус. Но утрото немаше проверка за летот од Истанбул а попладне само мал број од патниците од Дубаи поминаа покрај термалната камера. Поради најверојатно, некоординираност на здравствените власти, медицинските лица стигнаа во исто време кога слета и авионот.

Инаку, бидејќи овие градови имаат директна конекција со Кина, на патниците од овие летови покрај мерење на телесната темпњратура, им се даваат и информации каде да побараат лекарска помош. Ако има сомнителен патник го носат во собата за изолација која е во близина на термалната камера.

Сања Димитровска