Свет
27. December 2017 - 9:45

Патнички брод удри во столб на мост на реката Рајна, 25 повредени

Дваесет и пет лица се повредени откако швајцарски патнички брод удри во носечки столб на мост на реката Рајна, во близина на германскиот град Дујсбург. 

На бродот „Швајцарски кристал“, кој е наменет за речни патувања, имало околу 130 лица, јави Дојче веле.

Полицијата соопшти дека повредените, од кои петмина потешко, се транспортирани со друг брод, а помош пристигнала и од пожарникари со чамци.

- Магистралата, чиј столб беше удрен од бродот, нема да биде отворена за сообраќај денеска, со цел да биде проверена од страна на градежни инженери, изјави портпарол на полицијата.