Македонија
26. January 2019 - 14:25

Патиштата во Дебар и Центар Жупа проодни

 Во општните Дебар и Центар Жупа снежните врнежи не предизвикаа поголеми проблеми, велат од Подрачната едница на Дирекција за заштита и спасување во Дебар.

-Регионалните патни правци кон Маврово, Струга, Центар Жупа, граничниот премин „Блато“ и селото Могорче редовно се чистат од страна на дебарската секција на „Македонија пат“. На коловозите има остатоци од кашест снег, поради што се препорачува внимателно возење и стого почитување на сообраќајните правла и прописи, изјави за МИА Ерол Зеќироски, раководител на Подрачната единица.

Според него, проодни се и локалните патни правци во двете општини, но сообраќајот се одвива во зимски услови. Локалните власти се максимално ангажрани и на располагање ги имаат ставено сите расположливи ресурси за заштита на граѓаните согласно Законот за заштита и спасување.

Зеќироски вели дека будно се следи новонастаната временска состојба. Дирекцијата е во постојан контакт со локалните власти и другите надлежни институции.