Македонија
26. January 2019 - 12:32

Патиштата со остатоци од кашест снег, да се вози внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на Маврово-Дебар, Дебар-Струга и Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.

Во моментов врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Битола, Прилеп, Охрид и Неготино.