Македонија
24. August 2017 - 16:40

Пастрмајлијада во Штип

Од 15-ти до 17-ти септември, „Градот под Исарот“ по 11 –ти пат ќе ја организира „Штипска пастрмалијада“. Организаторите на манифестацијата очекуваат рекордна посетеност од околу 180 000 гости од земјава и странство.

-Проценка е дека ќе има по 50-60 000 луѓе да има на вечер, со оглед на тоа дека веќе имаме големи најави од соседните држави- изјави Кирил Панајотов, организатор

Сите тие ќе имаат можност да го вкусат на далеку прочуениот штипски специјалитет, кој ќе се продава на 30—тина штандови. Пастрмалијата ќе се приготвува по унифициран рецепт, 200 грама тесто, 150 грама месо и ќе чини 120 денари.

-Секоја година на пропозициите, односно на грамажата и квалитетот, се става посебен акцент. Цените се унифицирани и за пијалокот и за пастрмајлиите –изјави Емил Попадинов, угостител

Пастрмалијадата ќе се одржи на истата локација, односно на Дујлето до градскиот стадион, а свој настап на сцена ќе имаат домашни и странски интерпретатори, Сузана Спасовска, Јелена Розга, Галија, Дивље Јагоде и Лепа Брена.