Македонија
10. March 2017 - 18:50

Пастирот е со народот: “МПЦ” и Владиката Петар ги предводеа илјадниците прилепчани

Maкедонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, ги предводеа илјадниците прилепчани на вечерашниот протест во градот херој.

Силни пораки, патриотски извици и пораки за обединување околу идејата за “Заедничка Македонија” го красеа вечерашниот протест, кој беше еден од најмасовните, откако прилепчани решија да излезат на улица и да го кренат гласот против урнисувањето на унитарноста на државата.

Силни пораки, патриотски извици и пораки за обединување околу идејата за “Заедничка Македонија” го красеа вечерашниот протест, кој беше еден од најмасовните, откако прилепчани решија да излезат на улица и да го кренат гласот против урнисувањето на унитарноста на државата.

5

Прилеп покажа сила и истрајност и како во минатото и денес се обедини против оние кои не и мислат добро на татковината, против оние кои се пазарат со искреноста, чесноста и трпеливоста на Македонецот.

3

6

Се бунтуваше во секој еден гневот, а срцата им гореа од стравот дека можеби утре ќе се разбудат во една распарчена Македонија, која ќе биде срам за борбата на илјадници војводи, партизани, бранители од градот херој.

17198123_10210634714215510_229804179_n

Граѓаните упатија порака дека не се за насилство, не сакаат крвопролевање и уништување на другите етнички заедници, но нема ни да дозволат некој да го негира постоењето на македонската нација на овие простори, нема да дозволат да се негира македонската православна црква, македонскиот јазик, химна, знаме, нема да дозволат некој да гази на македонското достоинство и милениумско постоење.

Владиката Петар на вечерашниот протест одржа говор кој го “раскина” срцето на секој присутен и допре длабоко до секоја душа.

vladika

 

Протестите во Прилеп продолжуваат и утре, во 18 часот пред хотел “Липа”.

17198243_10210634632613470_1506330255_n

17198459_10210634646693822_429810318_n

17198795_10210308489523041_684403081_n

17203670_10210634635373539_2105776542_n

17203806_10210634646013805_1008250868_n

17203977_10210634645173784_1880413674_n

17204177_10210634645893802_103838433_n

17204330_10210634632653471_2053127832_n

17204458_10210634636613570_1720298589_n

17204549_10210634634253511_254853264_n

Извор: Маркукуле