Македонија
24. November 2022 - 17:38

Пасошот за Онишченко главна тема на пратеничките прашања

Премиер кој 5 месеци, во време на руска-украинската војна, не знаел дека на негова територија има руски шпион не е премиер. Вака пратеникот Милошоски ги отвори пратеничките прашања во врска со слуачајот на контроверзниот Украинец Онишченко. Премиерот Ковачевски, пак, се огради од детали за случајот, но најави нов директор на АНБ чии оперативци направиле пропусти за Онишченко.

Министерката за одбрана Петровска пак, доби прашања за наводниот нерпијавен имот во скопско Радишани.

Пратеничката Силјановска го праша министерот за правда Тупанчевски како мисли да го смени јавниот обвинител поради состојбите во обвинителството.

Пратениците на власта пак, побараа премиерот да ги образложи владините антикризни мерки.