Ракомет
14. October 2017 - 20:41

Пасквал: Разочаран сум, имавме премногу грешки

По вечерашниот пораз во Скопје од Вардар (24:27) екипата на Барселона не е повеќе во групата на непоразени екипи во Лигата на шампионите.

- Ова беше заслужена победа на Вардар, иако можеби требаше да биде и поубедлива. Разочаран сум, имавме многу грешки особено во нападот. Ќе мора многу да работиме и ќе се обидеме на дуелот во Балуграна да победиме.
Капитенот на катаолнскиот тим Виктор Томас со свое видување за дуелот:
- Честитики за тимот на Вардар. Им требаше 5 минути за да влезе противникот во ритам. Откако поведоа со 3-4 разлика беше тешко да се стигне. Ние се боревме, но тие беа подобри. Можеби и оваа разлика од три голови ќе биде и добра и ќе се обидеме да победиме со повеќе разлика. Сепак ова е длого натпреварување.