Пасквал: Македонија е една од најсилните светски репрезентации | Сител Телевизија
Ракомет
11. јуни 2018 - 19:04

Пасквал: Македонија е една од најсилните светски репрезентации

Ракометната репрезентација на Македонија забележа победа од 8 разлика против Романија во првиот бараж меч за пласман на СП во Германија наредната година. 
На клупата на Романците е познатиот шпански стратег Ксавиер Пасквал кој по мечот изјави дека пласманот на Македонија на мундијалот е повеќе од извесен но за него и неговиот тим ќе биде успех да се оствари било каква победа во реваншот против една од најсилните светски селекции.