Парванов бара оставка од Борисов поради „моралниот крах“ во ОН
Поранешниот бугарски претседател и лидер на партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ), Георги Парванов денеска побара оставка од бугарскиот премиер Бојко Борисов, како чин на негова политичка одговорност поради „моралниот крах“ околу изборот на генерален секретар на ОН.
- Тоа треба да биде машки, достоинствен одговор во една ваква ситуација, изјави Парванов, кој воедно побара и бугарскиот кандидат за генерален секретар на ОН, Кристалина Георгиева да се повлече од функцијата еврокомесар.
Како што јави БТА, Парванов оцени дека претставувањето на Георгиева во ОН било „понижувачко за бугарската држава и нација“, нагласувајќи дека таа не била кандидат за генерален секретар „на Бугарија, туку на Владата на Бојко Борисов“.
Советот за безбедност на ОН вчера со 13 гласа „за“ и два „воздржани“ реши на Генералното собрание за нов генерален секретар на Светската организација да му го предложи поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш.
Бугарија првично за свој кандидат за генерален секретар на ОН ја предложи генералната директока на УНЕСКО, Ирина Бокова, но минатата недела реши наместо неа да ја номинира Георгиева.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори