Македонија
24. November 2016 - 17:27

Партнерски состанок во Црвениот крст на Република Македонија

Партнерски состанок за продлабочување на досегашната, но и поттикнување на идната соработката помеѓу Црвениот крст на Рeпублика Македонија и партнерските организации денеска се одржа во Скопје на кој присуствуваа претставници од стопанските комори, компании, банки, меѓународни организации и агенции.

- Успешноста на општествено одговорните компании, преку проектите кои ги реализираат со Црвениот крст на Република Македонија, во голема мера зависи од директната интеракција помеѓу корпоративниот сектор, граѓанското општество и корисниците и се темелат на искуството за потребите и проблемите со кои се соочува локалната заедница, истакнуваат од Црвениот крст.

Според  генералниот секретар на Црвен крст на Македонија Саит Саити грижата за општото добро претставува највисок приоритет за одговорно работење, клуч и основа на заедничкиот развој на општеството.

- Во таа смисла и денес сме тука заедно да промовираме иницијативи за воспоставување стратешки партнерства со кои ќе придонесеме за ублажување и надминување на проблемите со кои се соочува населението во зедниците, со крајна цел постигнување благосостојба во општеството.  Отворени сме за соработка, градење стратешки партнерства и доверба во спроведување иницијативи за обезбедување ефикасна поддршка и застапување на интересите на ранливото население, истакнува Саити.

Црвениот крст додели признание, Бронзен поддржувач на Црвен крст на Република Македонија на Фондацијата Албиз во знак на благодарност за поддршката во остварувањето на хуманитарните цели на Црвениот крст на РМ.