Македонија
6. March 2017 - 16:20

Партизаните, Србите и Бугарите ќе бидат осудени за геноцид врз Албанците

Партизаните, Србите и Бугарите ќе бидат осудени за геноцид врз Албанците. Ваков договор паднал меѓу Заев и Ахмети со прифаќањето на платформата на Еди Рама.

За експертите ваквите позиции на СДСМ претставуваат голема навреда за партизанското движење и директен удар за асномска Македонија.

Според нив, со прогласувањето на партизаните за геноцидни директно се негира создавање на асномска Македонија. Остра реакција и од Србите во Македонија.

Според платформата на Еди Рама на која својот потпис го стави и лидерот на СДСМ Зоран Заев, се предвидува македонското Собрание да донесе резолуција со која се осудува геноцидот врз Албанците во Македонија од 1912 до 1956 година.