Фудбал
3. јуни 2017 - 16:52

Партизан по двојната круна со нов тренер

Освојувачот на двојната круна во првенството на Србија, Партизан од Белград, го именуваше Мирослав Ѓукиќ за нов шеф на стручниот штаб.
 
Поранешниот репрезентативец, по една деценија се враќа во Партизан, тој на клупата ќе го наследи Марко Николиќ, кој по освоената двојна круна реши кариерата да ја продолжи во унгарски Видеотон.
 
Ѓукиќ со Партизан потпишал двегодишен договор.
 
Мирослав Ѓукиќ во кариерата бил тренер на шпанските екипи Херкулес, Ваљадолид, Валенсија и Кордоба, а во Партизан дојде од Ал Шабаб.