Македонија
9. October 2016 - 16:54

Партиското седиште на СДСМ во Чаир утринава доби двојазична табла

СДСМ се поднови. Денес во партиското седиште на Општинската организација на СДСМ беше поставена двојазична табла. Се поставува прашањето дали ова е дел од воведот кој го најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев за воведување на двојазичноста во Македонија.

Со ваквиот предлог на Заев се согласува и албанската дијаспора која не крие дека е за федерализација на Македонија.

Реакции за воведувањето на двојазичноста по ваквиот предлог на Заев имаше и од македонската дијаспората. Тие сметаат дека ваквите изјави се навреда и се штетни за целата македонска заедница во странство и претставува уназадување во нивните лобирања и афирмацијата на Македонија и македонскиот јазик  кај политичките партии и организации.

Воведувањето на двојазичност не им е непознато на социјалдемократите. Тие во неколку наврати до медиумите кои известуваат на албански испраќаат  e-mail од партиската адреса напишан на албански јазик.  Од она што можеше да се забележи дел од адресите се на новинари и медиуми од Косово. Покрај електронската пошта, СДСМ и своите соопштенија ги пишува на албански јазик.