Македонија
12. January 2020 - 16:47

Партиските преписки не запираат - техничката влада ги активираше штабовите

Се уште нема ни 10 дена откако беше формирана, а техничката Влада веќе почна да ги репризира случувањата во 2016та.

Власта ја обвинува опозицијата дека нивниот технички министер во МВР, ја загрозува безбедноста на државата со тоа што ги укинува наредбите на неговиот претходник Оливер Спасовски

Дополнителната министерка од редовите на СДСМ, веќе најави дека ќе поднесе и кривична пријава против министерот Чулев за како што вели, нарушувањето на безбедноста на дражвата.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат кривичната пријава е само обид да се изврши притисок врз нивните кадри за кои тврдат дека се врвни професионалци.

Речи си идентични беа случувањата во МВР и пред изборите во 2016та, со таа разлика што тогаш улогите беа сменети, бидејќи СДСМ беше во опозицијата, а ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Во албанскиот политички блок нема технички министри, но најавата за голема коалиција во опозицискиот блок го извади ДУИ на терен, па веќе неколку дена по ред партиското раководство е на растрчано на терен каде се одржуваат разни трибини и средби со граѓани.

Во опозицискиот табор се уште траат преговорите за формирање на коалиција меѓу Алијансата на Села, Беса на Касами и Алтернатива на Гаши.

Информациите од таму велат дека се уште не се надминати разликите меѓу Касами и Гаши кои на изборите во 2016 настапуваа заеднички под знамето на БЕСА.

Аналитичарите веќе најавија дека предизборна коалиција на трите најголеми опозициски партии во албанскиот блок ќе значи сериозна конкуренција за ДУИ, партија која е на власт  речи си 18 години.