Македонија
25. January 2016 - 11:24

Партиските групи на нова средба за медиумите и избирачкиот список

Средбите на партиските работни групи за исполнување на обврските што прозлегуваат од договорот од Пржино ќе продолжат денеска во 17:00 часот, соопшти европскиот посредник Питер Ванхауте.

На денешната средба ќе се разговара за медиумите и за методологиите за прочистување на избирачкиот список.