Македонија
17. February 2016 - 11:35

Партиските групи ги продолжуваат разговорите за медиумите

 
Разговорите за реформирање на медиумската сфера меѓу претставниците на четирите политички партии со посредство на Питер Ванхауте ќе продолжат денеска во 14 часот во Клубот на пратениците во Скопје.
 
Ванхауте пред вчерашната средба со партиските претставници изјави дека не е преголем оптимист, но оти може да се најде решение за прашањето за медиумите доколку се знаат позициите на засегнатите страни.
 
Земени се предвид, како што рече, сите предлози на здруженијата на новинарите, асоцијациите и партиите. - Свесен сум дека нема многу време за договор, но се надевам на решение, додаде Ванхауте.
 
На синоќешната рунда разговори присуствувале и амбасадорите на ЕУ и на САД, Џес Бејли и Аиво Орав.