Македонија
12. јуни 2017 - 16:30

Партиски реакции на шпекулациите и најавите за членство на Македонија во НАТО

Народот на Македонија нема да го даде името и нема да го смени својот идентитет за влез во НАТО, и за тоа не е потребен никаков референдум, порачуваат од ГРОМ. Ако веќе не примаат во како членка во северноатланската Алијанса, тоа мора да биде достоинствено, а не со виткање на кичмата. 

-Како што грците имаат свои црвени линии, така и македонската влада треба да има свои црвени линии. Во спротивно, тоа значи дека секој есап без крчмар е погрешен, а во случајов крчмарот е народот на Република Македонија. Според оценките на ГРОМ колку што нам ни треба НАТО исто толку ние му требаме на НАТО заради се поголемото руско влијание во регионот, изјави Ѓорѓи Чакарјаневски

Од друга страна позитивни очекувања во поглед на зачленувањето во НАТО има лидерот на ДУИ Али Ахмети, посочувајќи дека според досега постигнатото Македонија требала уште многу одамна да биде дел од Алијансата.

-Ние како Албанци сите сме за Македонија во НАТО и сме за постигнување компромис околу името кој е прифатлив за сите страни. Треба час поскоро да станеме дел од НАТО бидејќи Македонија е на крстосница на која се судираат интересите и на Русија. Ние немаме ништо против Русија, но нашата држава припаѓа во евроатланското семејство, изјави Али Ахмети

Досегашниот јасен став на Грција е дека за влез во НАТО, Македонија мора да го смени името и секое очекување за влез во Атланската Алијанса под привремената референца е нереално