Партиски преписки за измените во Кривичниот законик, се погласни сомнежи дека се резултат на партиски пазар
Дали измените на Кривичниот законик се дел од меѓупартиски пазар за носење на уставните измени?
Ова прашање се уште ја бранува јавноста, иако премиерот Ковачевски ги негираше тврдењата.
Темата повторно ја загреа лидерот на новоформираната партија Демократско движење, Изет Меџити кој преку социјалните мрежи отвори дилема дали се подготвува терен за враќање на екс премиерот Груевски во Македонија
„Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Никола Груевски, бидејќи со измените на КЗ автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и ‘Траекторија’, додека за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка?“, прашува Меџити
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека вакви информации немаат, а партијата и денеска негираше дека е дел од пазарења за носењето на уставните измени. Повторно повикаа точката да се стави на седница на Собранието, за власта да се увери дека нема поддршка од 80 пратеници.
Од владејачката партија и денеска со повик да не се блокира европскиот пат на Македонија кој директно ќе значи подобар животен стандард за граѓаните.
Јасно е дека оние коишто го кочат напредокот на европскиот пат, кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните.
Пред државата е единствена можност, што треба да се искористи, со глас за Европа и уставни промени да се обезбеди продолжување на европската интеграција и подобар животен стандард на граѓаните.
Членството во ЕУ е нашиот светилник за подобар живот, поголеми плати и пензии, економска извесност и просперитет, се вели во соопштението на СДСМ
Речиси три недели од Собранието нема информации кога потребата за отворање на Уставот ќе се најде на пленарна седница, отккао на 18ти август заврши расправата за оваа точка.
Во меѓувреме пратениците експресно и по скратена постапка ги донесоа измените на Кривичниот законик со кои се намалија затворските казни за злоупотреби на службена функција и злосторничко здружување, вовоедоа горна граница на казните со што се овозможува побрзо застарување на овие кривични дела. Измените стапуваат на сила за 5 дена.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар