Македонија
4. April 2019 - 16:28

Партиски обвинувања за претседателските кандидати

Заев и Пендаровски се лице и опачина на иста паричка, обвини опозицијата. Според неа, вчерашната изјава на Пендаровски дека тој и Заев се 102,5 проценти исти значи дека евентуална победа на Пендаровски ќе значи дека на Претседателската функција ќе дојде Заев.

Силјановска не е натпартиски кандидат туку кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, врати власта.

„Силјановска  лаже дека е натпартиски кандидат, а всушност е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Не може ниту штаб да отвори без присуство на Мицкоски чиј што кандидат е.

Силјановска лаже дека е за правда, а брани криминалци и насилсници. Дури и слоганот и лажен и лицемерен.“ – стои во писменото соопштение на СДСМ во кое се додава дека Силјановска се потпишала на кандидатурата на која стои новото име на државата.