Македонија
5. April 2017 - 17:36

Партијата на Села потврди дека СДСМ нуделе Села да биде претседател на Собранието

Социјалдемократите му нуделе и на лидерот на Алијансата Зијадин Села да биде Претседател на Собранието но тој одбил. Информацијата вчера во изјава за Алсат ја потврди потпретседателот во неговата партија

Токму Зијадин Села ја разбранува македонската јавност со серија изјави во кои тврдеше дека Македонците немаат свој идентитет и дека тој никогаш нема да стои додека свири македонската химна. 

Во меѓувреме се уште е отворена дебата за бараата на албанските политички партии. Повеќе од 2 месеци, СДСМ избегнува одговор на прашањето, дали коалицијата со Ахмети и Села е платена со прифаќање на платформата на Еди Рама. За разлика од нив, од ДУИ во повеќе наврати потврдија дека во СДСМ прифатиле се што е договорено на средбата со албанскиот премиер.

Покрај воведување на двојазичност на целата територија, платформата на Еди Рама предвидува и дебата за промена на знамето, химната и грбот, ослободување од затвор на етнички Албанци осудени за најтешки кривични дела и усвојување на резолуција за осуда на извесен геноцид извршен врз Албанците во првата половина на минатиот век.