Партијата на пензионери даде поддршка на Стево Пендаровски како кандидат за претседател
Партијата на пензионери даде поддршка на Стево Пендаровски како кандидат за претседател, на денешната конвенција која се одржува во Скопје, одржувајќи и годишна седница на централниот одбор.
Претседателот на партијата Илија Николовски, порача дека досега Пендаровски многу успешно ја извршувал должноста претседател на државата и врховен командант на вооружените сили и нагласи дека во поновата историја не сме имале покомпетентна личност за кандидат за претседател.
Тој наведе неколку причини зошто досегашниот претседател треба да добие втор мандат. За Пендаровски рече дека е со силна посветеност за членство во НАТО и ЕУ, претседател на сите без разлика на етничка, верска, политичка, или друга припадност.
- Пендаровски зад себе нема ниту една стратешка грешка, ниту една корупциска афера или случај на судир на интереси. Без непотизам и клиентилизам и кронизам, за што сме сведоци, нагласи Николовски, осврнувајќи се и на противкандидатката, Гордана Силјановска Давкова, за која, меѓу другото, рече дека сменила неколку партии.
Со тоа што го оспорува Преспанскиот мировен договор, рече, таа ја затвора вратата за влез во Европа.
Пред присутните се обрати и Пендаровски, кој меѓу другото, го спомена и 27 април.
- И пет години потоа, тие не само што не се извинија, кој било од нив, во лично име, претседателот на партијата како наследник поставен, лично од претходникот негов на таа позиција, туку предлагаат и кандидат кој најавува амнестија за тие кои влегоа да убиваат и да тепаат со главна политичка цел да не дозволат мирна транзиција на власта на оние кои имаат мнозинство пратеници во тој момент, изјави тој меѓу другото.
Пендаровски се осврна на тоа и зошто е добро што сме членка на НАТО Алијансата.
Ново на Сител
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод
-
Гаши: Газењето на туѓо знаме е спротивно на државните интереси
-
Во неговиот дом во Велес утрово мртов пронајден 43 годишен маж
-
Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала
-
Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
-
Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум
-
Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата