Македонија
11. July 2020 - 17:02

Партиите ставија потпис на декларацијата за млади

Подобри услови за учење, инситуции каде право на учество ќе имаат и младите, како и подобар студентски стандард, се клучните барања  од обемната листа која ја креираа студентите на универзитетите Св Кирил и Методиј, Мајка Тереза, Климент Охрдиски и Гоце Делчев. Тие бараат акцент да се стави и на дигитализацијата  во образовниот процес, со цел полесно надминување на административните бариери.

Студентите се надеваат дека надлежните инситутиции нема да останат глуви за нивните проблеми, како што тоа било пракса низ годините.

Декларацијата ја потпиштаа и претставниците на 6 политичките партии во земјата.

Ова е прва ваква декларација, на која потпис ставија политичарите.