Македонија
21. October 2019 - 17:12

Партиите се уште не ги откриваат кадрите за техничката влада

Внатрепартиски консултации во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги утврдат кадровските решенија во техничката влада. Зоран Заев ја напушта премиерската функција на 3 јануари, а кој ќе седне во неговиот кабиент, од владејачката партија велат дека допрва ќе се одлучува.

Кадровските решенија во моментов не се приоритет ниту за опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ смета дека најважно е овие избори да бидат спроведени фер и демократски.

Покрај Заев, министерските функции ќе треба да ги напуштат и Оливер Спасовски и Мила Царовска. Законот предвидува министерството за внатрешни работи и труд и социјална политика 100 дена пред изборите да ги завземат кадри по предлог на најголемата опозициска партија во Собранието. Опозициската партија ќе ги превземе и заменичките позиции во финансии, земјоделие, информатичко општество. Нивниот мандат ќе трае се додека ДИк не ги објави  конечните резултати од изборите.

Македонија вакви избори за прв пат споведе во 2016та по повеќе месечните преговори во Пржино.