Македонија
27. July 2017 - 16:22

Партиите поделени, историчарите во Македонија обединети за договорот за добрососедство

Во брзање да го потпише догвоорот за добрососедство со Бугарија, македонската Влада заборавила на националните интереси. Политичките партии жестоко реагираат на договорот кој вчера беше објавен од страна на премиерот Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за добивање на широка јавна поддршка, текстот на договорот мора да биде корегиран. Македонскиот народ и јазик се реалност, а не уставна категорија.

Според ГРОМ овој договор е целосно негаторски за Македонците во сите клучни сегменти, а со формулацијата за постоење на заедничка историја се потврдува бугарската теза „две држави, еден народ“. Со сличен став е и Народното движење за Македонија.

За разлика од ваквите ставови пак од СДСМ сметаат дека договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси и го забрзува процесот на интеграција на Македонија во НАТО и Европаката унија.

Текстот на договорот за доборососедество беше тема и на јавна дебата. Историчарите се едногласни дека договорот во ваква форма е штетен за интересите на Македонија и тој не треба да биде потпишан.

Премиерот Заев вчера најави дека договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде потпишан на 1 август во Скопје, по што ќе следи неговата ратификација во бугарското и македонското собрание.