Македонија
22. September 2021 - 16:43

Партиите незаинтересирани за учество во дебатата на ДКСК наменета за нивните предизборни активности

Нереални ветувања, лошо планирање, несоодветни кандидати, црни кампањи за противниците...пред сите избори се јавуваат истите проблеми. Учесниците во дебатата  „Интегритет на изборниот процес и интегритет на учесниците“ во организација на ДКСК со констатација дека уште еден проблем е тоа што институциите суптилно влијаат врз гласачите со тоа што предвреме ги планираат активностите за пред избори.

Партиите наоѓаат начини и како да трошат од буџетите од кои не смеат да трошат. Порано со службени возила тераа кампањи сега откако антикорупциска почна да ги следи возила, најдоа нов начин за злоупотреби.

На дебатата за интегеритетот на изборниот процес, иако поканети не учествуваа претставници од ниту една политичка партија, што според Антикорупциска доволно говори за состојбата.