Македонија
11. October 2015 - 19:06

Партиите на нова рунда преговори

Ќе остане ли дијаспората без свои претставници во македонскиот парламент? СДСМ под притисок на јавноста манипулира  со ова прашање и на преговорите за изборниот законик се залага за нереални решенија кои во јавноста би ги продале од аспект дека македонските иселеници же го зачуваат својот глас, но во суштина на дело тоа ќе значи нивно трајно осакатување и останување без свои пратеници.

Од извори на преговорите дознаваме дека СДСМ имала срамен однос кон дијаспората поставувајќи услови за да пропадне гласањето и сетѕо тоа надополнето со навредување и понижување дека таа не е составен дел од државата.

СДСМ барале за да некој биде пратеник до дијаспората да има освоено најмалку гласови колку што има просечниот пратеник во Македонија. Односно да има најмалку 7200 гласови. Во тој случај, пратеник од дијаспората треба да има повеќе гласови од пратеникот од 6-та изборна единица каде просекот е помал и изнесува 6477.

Тоа значи дека СДСМ бара пратениците од дијаспората да освојат повеќе гласови од македонските пратеници. Ваков сличен пример нема никаде во светот каде пратениците од дијаспората ги избираат со повеќе гласови од пратениците во матичната земја.

Во други земји тој избор најчесто е со 50 проценти од гласовите, или, ако изборот е со 7000 гласови, пратеникот во дијаспората се избира со 3500 гласдови. ова е меѓународен стандард кој го знае и СДСМ но не сакаат да и овозможат на дијаспората да гласа.

Во Македонија избирачките места им се на достапност на граѓаните и ги има во секое маало. Во дијаспората некои мора да патуваат стотици или илјадници километри да гласаат. Ваквиот однос на СДСМ покажува дека партијата измислува услови за да ја спречи дијаспората која знаат дека гласа за оние што ги штитат државните интереси.