Македонија
4. March 2020 - 16:43

Партиите до последен ден ќе ги кројат пратеничките листи

Партиските пратенички листи ќе ги чекаат последните денови од рокот за поднесување на кандидати за изборите на 12 април кој истекува наредниот четврток.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека целосните листи ќе ги скрои дури во вторник на Централен комитет, а во среда ќе направи и нивна промоција. Засега од опозициската партија не се откриваат детали ниту за носители на листите во шестте изборни единици.

Ден претходно – во понеделник, пак, на партиски конгрес имињата за пратеници ќе ги објави коалицијата на СДСМ и БЕСА, но и од таму молк кој се ќе биде на листите. Познато е дамо дека Зоран Заев ќе биде носител во 4-тата изборна единица, додека пак, името на лидерот на БЕСА Билал Касами како носител во 6-тата изборна единица.

Во Шестката носители на листи ќе бидат уште двајца албански лидери – Али Ахмети на ДУИ и Зијадина Села од Алијансата на Албанците. Од Алијансата и Алетернатива прогнозираат победа на Села. Велат дека на 12 април Албанците ќе избираат помеѓу два концепти: модерни политичари и застарени политики.

Поради коалициијата на Касами со Заев од партијата на Села бараат местата на БЕСА во избричките одбори да бидат заменети со претставници од Алијансата со цел една коалиција да не добие мнозинство во одборите.

Имиња и евентулани предизборни коалиции не објавува ни ДПА. Тачи денеска на средба со Комората на северозапдна Македонија не сакаше да одговара за изборите.

„Ќе имаме други прилики.. Не сакам оваа средба да ја изгуби вистинската вредност што ја има“

И интегративците на Ахмети листити ќе ги објавуваат дури наредната недела.