Loading Video...
Ракомет
29. November 2018 - 18:50

Парондо: Со победа против Кјелце до второто место во групата

Ракометарите на Вардар  се пред нов предизвик во ЛШ, во СКопје гостува еден од најсилните европски тимови Кјелце,екипа од која црвено-црните беа поразени  како гости. Затоа тимот во кој играат поранешните миленици на скопската публика Лука Циндриќ и Душебаев се очекува со големо внимание во нашиот табор.   Вардар со победа ќе го задржи второто место во групната фаза:

„Против Киелце ќе го имаме последниот меч за оваа година во рамките на ЛШ. Го знаеме квалитетот на противникот, игра брз ракомет и квалитетна одбрана. Меѓутоа ние се подготвуваме добро затоа што со евентуална победа ќе ја завршиме календарската година на второто место во ЛШ. Треба да играме 60 минути врвен ракомет, не смее да имаме никакви осцилации во играта. Не ни е потребна екстра-мотивација за Киелце, противникот и мечот во ЛШ носи сам по себе мотивација“, изјави Парондо.

Натпреварот меѓу Вардар и Киелце се игра в сабота со почеток од 17:30 часот.