Парондо пред мечот со Рајн Некар: Ќе се обидеме да се вратиме со добар резултат
Екипата на Вардар денеска патува за Германија каде утревечер треба да го одигра својотнатпревар со Рајн Некар во рамки на 11-тото коло од групата „А“.
Иако ќе патуваат во некомплетен состав, тренерот на тимот Роберто Парондо изјави дека „црвено-црните“ ќе играат максимално мотивирано со германскиот тим. За Германија не отпатуваа Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и Сергеј Горбок.
– Секогаш натпреварите се неизвесни. Традицијата не ја гледаме. Никогаш немавме победа против Веспрем се досега. Затоа поважно е да се фокусираме на играта наша. Секој меч е различен и треба да бидеме различно подготвени според тактиката на противникот. Имаме уште четири натпревари до крајот на групната фаза. Ќе играме со максимално на секој натпревар, зашто секој меч сега е важен, вели Парондо.
На првиот меч во Скопје одигран на 6 октомври лани, Вардарци победија со 29-27. Во досегашните меѓусебни средби, шестпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми и двапати победиле Германците. На теренот во Германија тимот има две победи и едно реми.
– Ќе биде тежок натпревар. Рајн Некар е одличен тим. Ќе видиме колку сме спремни. Не сме во добар момент, ни треба повеќе време за тренирање зашто не сме комплетни па треба да комбинираме со тоа што го имаме. Не мачат повреди на повеќемина играчи. Ќе се обидеме да играме добро и да се вратиме со добар резултат, додаде Шпанецот.
Ново на Сител
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот