Парондо по победата во Загреб: Горд сум на ракометарите
Тренерот на македонскиот шампион Вардар, Роберто Парондо по синоќешниот убедлив триумф од девет голови разлика (18-27) во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите против ППД Загреб, изрази благодарност до играчите и посочи дека е горд на неговите ракометари, кои одиграле перфектно.
– Нема што да кажам освен благодарам на играчите. Горд сум на нив. Одиграа одличен меч и го завршивме поголемиот дел од задачата. Знаевме што ќе не очекува во Загреб па добро се подготвивме, работевме максимално на тренинзите. Се што договоривме, момците го одиграа перфектно и затоа на крајот стигнавме до овој резултат, изјави тренерот на Вардар по мечот.
По победата на гостински терен, „црвено-црните“ веќе се со една нога во четвртфиналето на ЛШ, а реваншот во Скопје за седум дена се чини само протоколарен.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море