Loading Video...
Ракомет
23. April 2019 - 17:46

Парондо: Ништо не може да не поремети

Ракометарите на Вардар во добра атмосфера го очекуваат важниот дуел со унгарскиот ПИК Сегеде во рамките на четвртфиналето од Лигата на шампионите.  И додека јавноста ја коментира изјавата на сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко, тренерот Парондо и играчите се убедени дека овој Вардар може да им донесе уште радост на своите верни фанови:
„Во исчекување сме на наредниот меч со ПИК Сегед. Не очекуваат два тешки меча. Сакаме да играме на Ф4, мора да играме на нивото, затоа што се работи за добар тим. Но, уверен сум дека играчите ќе го дадат најдоброто од себе за крај. Мислиме на тоа само како да играме, Сегед го познаваме, работиме за да го покажеме најдоброто од себе, затоа што се работи за доста силен тим“, изјави Парондо.
Средбата со ПИК Сегед се игра в четврток од 20ч. во спортската сала Јане Сандански.