Loading Video...
Ракомет
29. March 2019 - 15:07

Парондо: Најважно е моите ракометари да ја зголемат самодовербата

Ракометарите на Вардар утре против ППД Загреб  ќе го играат реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите 
 
По убедливата победа 28-18 на првиот меч во Загреб, ракометарите на Вардар се на чекор до нов пласман во четврт-финалето.
 
Деветте голови разлика од првиот дуел се веќе заборавени, па тренерот на црвено-црните, Роберто Парондо смета дека најважно е неговите избраници да одиграат добар натпревар, преку кој ќе ја аголемат самодовербата во дуелите кои им претстојат. 
 
 „Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб. Сепак, не смееме да се опуштаме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа. Мораме да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. Мораме на најдобар можен начин да одработиме и на реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме на реваншот да одиграат што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар", изјави Роберто Парондо, тренерот на Вардар.
 
Во таборот на македонскиот првак очекуваат полни трибини во СЦ „Јане Сандански“ каде утре од 19 часот и 30 минути ќе стартува дуелот против ППД Загреб.