Парламентот на Црна Гора по итна постапка ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Владата на Црна Гора го утврди предлог-законот за ратификација на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО и го достави до Парламентот за усвојување во итна постапка.
– Владата на Црна Гора на првата седница по стапувањето на сила на Договорот од Преспа го утврди Предлог-законот за ратификација на протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО и го достави до Парламентот на усвојување по итна постапка, објави на својот Твитер-профил Владата на Црна Гора.
Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, во својата порака вели дека со овој чин Црна Гора ја потврдува својата досегашна поддршка на земјата, која ќе биде дополнителен фактор за стабилност во регионот и неговата евроатлантска перспектива.
– Ова е важен момент. Со задоволство искажуваме желба нашата пријателска земја што побрзо да го заврши пристапнот процес и да стане 30. членка на НАТО, се вели во изјавата на Марковиќ на „Твитер“.
Ново на Сител
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-
Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди
-
Излезноста до 18 часот е 47,61 отсто
-
Затворени гласачките места за првиот круг од претседателските избори