Македонија
6. November 2017 - 17:13

Парламентите од регионот заедно против корупцијата

Во Белград денеска се одржа регионален состанок на Глобалната организација на парламентарци против корупција (ГОПАК), на кој имаше претставници од парламентите на Македонија, Црна Гора, БиХ, Молдавија, Киргистан и Грузија. 

На состанокот беше речено дека „ниту една држава не може против корупцијата да се избори сама и без регионално поврзување“.  Затоа, унапредувањето на регионалната соработка за сузбивање негативни појави се главна цел на регионалниот состанок на делегациите на ГОПАК.

– Корупцијата нема пори само во една држава. За жал, има пори во сите држави, рече Дубравка Филиповски, народен пратеник и претседателка на ГОПАК во Србија. Делегацијата на Србија,  поради тие причини, одлучила да се придружи на групата во која се парламентарци од преку 50 држави, а клучни резултати се отворање портал за надзор над јавните финансии.

Порталот, оценет како круна за четиригодишното работење, ќе овозможи директен увид во трошењето на средства од државниот буџет. Тоа ќе придонесе и за транспарентност во користењето на јавните финансии и јакнење на функцијата на парламентот. 

Лилјана Кузамновска од Македонија најави дека и македонскиот парламент во следниот период ќе има за цел зачленување во ГОПАК, бидејќи како што наведе, транспарентноста, одговорноста и надзорот над јавните финансии се цели на секоја држава.

БиХ е дел од групата ГОПАК од минатата година. Изминатиот период, како што рече шефицата на делегацијата, Љиља Зовко, ја одбележа работата на Законот за парламентарна контрола. Таа вечи дека решението е завршено, но постојат бројни забелешки од страна на институциите. 

-Гледаме како реагираат, не им се допаѓа нашиот парламентарен надзор, рече Зовко