Свет
18. September 2019 - 8:51

Парламентарните избори во Шпанија ќе се одржат на 10 ноември

Шпанија ќе одржи повторни парламентарни избори на 10 ноември, соопшти вршителот на должност премиер Педро Санчез откако не успеа да обезбеди доволна поддршка да биде потврден на функцијата премиер.

– Невозможно е да се исполни мандатот што ни го довери шпанскиот народ на 28 април, рече тој и додаде дека тоа го оневозможиле опозициските партии.

Тој повторни дека во Конгресот не постои мнозинство кое гарантира формирање влада и затоа е неопходно повторување на изборите.