Балкан
11. July 2016 - 12:41

Парламентарните избори во Црна Гора закажани за 16 октомври

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ денеска ги закажа редовните парламентарни избори во Црна Гора за 16 октомври.

Како што е објавено на официјалната интернет страница на црногорскиот претседтаел, одлуката за распишување на изборите стапува во сила на денот на нејзиното донесување.

Ова ќе бидат 10-ти паралментарни избори во Црна Гора од воведувањето на повеќепартиската демократија во 1990 година.

Претходните избори за членови на црногорското Собрание се одржаа на 14 окотмври 2012 година и на нив победи коалицијата „Европска Црна Гора“, предводена од Демократската партија на социјалистите на премиерот Мило Ѓукановиќ. 

Црногорските медиуми денеска објавија дека Вујановиќ во текот на изминатиоц викенд чекал согласност од опозицијата или барем од „тројката“ која партиципира во Владата околу датумот за избори.

Претседателот на Социјалдемократската партија (СДП), Ранко Кривокапиќ неодмна веќе го спомна 16 октомври како датум за одржување на изборите.

Со закон е пропишано дека од распишувањето до одржувањето на изборите не можат да поминат помалку од 60, ниту повеќе од 100 дена.