Свет
24. September 2016 - 12:08

Парламентарни избори во Сомалија

Во Сомалија денеска почна гласањето за новиот парламентарен состав. Гласањето ќе трае две недели, а на крајот од октомври пратениците ќе гласаат за нов претседател на земјата.

Парламентарните избори во Сомалија не се општи, клановите и општините треба да определат 14.025 гласачи кои ќе ги изберат 275 членови на Долниот дом на Парламентот.

Резултатите од изборите ќе бидат објавени до 10 октомври.

Членовите на Горниот дом треба да бидат изгласани од регионалните администрации.

На 30 октомври новиот состав на Парламентот ќе избира претседател на Сомалија. За функцијата има повеќе од 10 кандидати, а фаворити се актуелниот шеф на државата Хасан Шеик Махамуд, сегашниот премиер Омар Абдирашид Али Шармарке и поранешниот претседател Шариф Шеик Ахмед.