Свет
11. September 2016 - 10:58

Парламентарни избори во Белорусија

Во Белорусија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои право на глас имаат околу седум милиони гласачи.

На повеќе од 6.000 гласачки места ќе се бираат 110 претставници на Долниот дом на парламентот од вкупно 448 кандидати.

Во актуелниот состав на парламентот нема членови на опозицијата, а опозицискиот лидер нема големи надежи дека може да оствари силно присуство во парламентот.