Парламентарни избори на Хаити
На Хаити денеска ќе се одржат парламентарни избори на кои право на глас имаат речиси шест милиони жители на оваа карибска држава, јави ТАСС.
Во трката за 20 сенатори и 119 пратеници се 1.853 кандидати од сто политички партии.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека одѕивот на гласачите на овие избори ќе биде околу 15 проценти, што се објаснува со незадоволството на населението од сиромаштијата, големата невработеност и финансиската нестабилност, но и со зголеменото насилство за време на кусата предизботна кампања и со преголемиот број кандидати.
Во последниве три години Хаити беше без Парламент по истекот на мандатот на претходниот парламентарен состав, бидејќи Владата не беше во состојба да организира избори.
Според анкетите, се очекува најмногу гласови на денешните избори да освои опозициската партија Единство.
Ново на Сител
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест