Свет
21. March 2017 - 9:21

Парк Геун-хе уште еднаш им се извини на Јужнокорејците

Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хе повторно денеска упати извинување до своите сонародници пред сослушувањето во Обвинителството за корупцискиот скандал, поради кој ја напушти претседателската функција.

- Им се извинувам на граѓаните. Искрено ќе учествувам во истрагата, изјави Парк по доаѓањето во канцеларијата на Обвинителството во Сеул каде почна сослушување.

Според западни медиуми не е јасно дали таа изјава значи и признавање на обвиненијата за корупција со оглед дека таа секогаш досега негираше прекршување закони.

Парк е прва претседателка во државата избрана на демократски начин, која е отповикана од функцијата.