Фудбал
19. August 2020 - 10:35

Париз прослави финале

Илјадници навивачи на ПСЖ излегоа на улиците на Париз да го прослават пласманот во финалето во Лигата на шампионите. ПСЖ синоќа во Лисабон го совладаа Лајпциг со 3:0 и се пласираа во првото финале во елитното натпреварување.

Навивачите на ПСЖ имаа близок контакт со полицијата. Француските медиуми пишуваат дека полицијата со солзавец ја растерала толпата, а во судирите биле користени и пендреци.

Градот Париз има строги мерки за заштита од коронавирусот, откако повторно започна да се зголемува бројката на заразени.

Навивачите го блокирале сообраќајот во неколку улици, а пласманот во финалето го славеле со огномет и факели.