Македонија
3. February 2020 - 20:18

Париз може да ги деблокира пристапните преговори со Македонија и Албанија

Париз би можел да ја повлече блокадата на пристапните преговори со Македонија и Албанија изјави за “Франкфуртер алгеманје цајтунг” cоветникот на Макрон за европски прашања Клемент Боне.

Според него тоа би се случило веднаш откако ке бидат усвоени реформите  на процесот за проширување. Единствено на што ке продолжи да инистира Франција е двете земји Македонија и Албанија заедно да гозапочнат процесот бидеки со тоа ке се гарантира стабилноста во регионот, вели советникот во Елисејската палата . Ваквиот пресврт Боне го објаснува со новата ситуација по брегзитот и потребата за нова политика која ке ги обединува членките на Унијата

-Откако Велика Британија ја напушти ЕУ, Франција сака да се фокусира повеќе на исток. По Брегзит, поважно е од кога и да е да се надминат разликите во рамките на ЕУ и да се фокусираме на она што не поврзува“, изјави Боне   во интервју за германскиот весник.

Токму  во таа насока е и денешната посета на Макрон на  Полска. Од кабинетот на полскиот пресетдателот  Дуда соопштија дека двајцата лидери ке разговараат и за  процесот на проширувањето, при  што Полска ке се  обиде да ја убеди Франција да го деблокира  патот за Македонија и Албанија, но и да дознае кои се причините за францускиот скептицизам.

Веке утре во Варшава ке отпатува  и македонскиот претседател. Се очекува полскиот престедател Анджеј Дуда на средбата со Пендаровски да го информираза со исходото на разгворите со Макрпон и да му го пренесе францускиот став.