Париз и парискиот регион повторно со висока загаденост на воздухот
Париз и парискиот регион повторно се изложени на висока загаденост на воздухот, јавува дописникот на МИА од Париз.
Новата епизода на загадувањето на воздухот со штетни честички го погоди во текот на денот целиот париски регион, се наведува во соопштението на Ерпариф, одговорниот организам за следење на квалитетот на воздухот во регионот на Париз. Загаденоста сепак е „помалку интензивна", отколку таа што беше забележана на почетокот на декември.
Интересно е дека во моментов голем дел парижаните со возила се заминати на одмор. Сепак, новата епизода на загадување на воздухот со штетни честички го погоди градот и регионот. Градските власти ги повикаа жителите да ги следат нивните пораки за превенција и да го прилагодат нивното однесување. Ситуацијата се очекува да се подобри во текот на неделата.
Како и обично, загадувањето на возухот со штетни честички се влошува во комбиниација со временските услови. Во текот на ноќта, студената почва и недостигот на ветер спречува да се намали загадувањето.
Денеска имаше бесплатен паркинг во текот на денот во Париз. Еден ден претходно, градот започна „постапка за информирање на јавноста“. Во соопштението е наведено дека може да се усвојат дополнителни мерки во следните неколку дена, во зависност од развојот на настаните.
„Градот Париз ги повика сите парижани да ги следат пораките за превенција и да го прилагодат нивното однесување, главно, преку поголема употреба на јавните транспортни мрежи, заеднички патувања или употреба на возила со ниска емисија“, се вели во соопштението на Париз.
Покрај бесплатните паркинзи, предвидено е и бесплатно користење на услугите на велосипедите, а за утре како и обично јавниот превоз за новогодишната ноќ е бесплатен.
Загадувањето на воздухот го надмина прагот и во други француски региони, како во долината на Арв, Горна Савоа, каде прагот на загаденоста е надминат веќе 30 последователни дена.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.