Македонија
19. January 2019 - 18:36

Парите од крстот во Муртино донирани за лечење на сограѓанинот Никола

32 Годишниот Никола Новоселски од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сѐ уште се опоравува. Се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици.
 
Неговите пријатели од Муртино парите кои ги собрале откако го фатиле крстот ги донирале за Никола. Мара Новоселска, мајката на Никола на својот фејсбук профил напиша:
 
- Бог се јави, за многу години празникот… А тебе Гоце Христоманов и на твоите другари едно големо браво и благодарност за вашата одлука парите донирани за крстот да ги донирате за Никола. Бог да ви дари среќа и здравје.