Свет
30. November 2015 - 9:01

Париската Конференција за климата низ бројки

Конференцијата на климата, што од денеска до 11 декември ќе се одржува во Париз, низ бројки:

- На денот на отворањето на Конференцијата ќе присуствуваат над 150 шефови на држави и влади.

- На самата Конференција ќе има 196 учесници - 195 земји плус Европската Унија, со вкупно 10.000 претставници.

- Во Центарот за конференции, каде се одржува собирот, присуствуваат претставници на околу 2.000 невладини организации со 14.000 делегати, а поставени се и 200 штандови во самиот Центар и 120 во просторот „Генерација клима“.

- Собирот го следат околу 3.000 акредитирани новинари.

- Илјадници постители ќе бидат пречекани во просторот Генерација клима.

- Јавниот превоз е зголемен за дополнителни 70.000 места за време на конференцијата.

- Обезбеден е бесплатен превоз за сите учесници на Конференцијата со метрото и регионалните возови, како и 70 хибридни автобуси.

- Воведени се шест автобуски линии, на секои две до 10 минути, од Париз и парискиот аеродормот до Центарот за конференции виведени .

- За акредитираните улесници обебзедени се 200 електрични автомобили со возач.

- За организација на собирот отворени се 5.000 работни места,

- За безбедноста на учесниците на самитот се грижат околу 15.600 полицајци и жандарми, од кои 6.300 само во Париз.