Спорт плус
15. March 2017 - 19:59

Парис победник на спустот, малиот глобус за Фил

Во машкиот спуст во Аспен одржан денеска победи Доминк Парис од Италија со време 1:33.07 минута, пред сонародникот Петер Фил, кој заостана 8 стотинки зад победникот. Место на подиумот избори и Карло Јанка од Швајцарија со време 1:33.25 минута.
По осумте одржани трки во спуст првото место му припадна на Фил со 454 бодови, а втор е Кјетил Јансруд од Норвешка со 431 бод. Во генералниот пласман по 33 трки Марсел Хиршер од Австрија е лидер со 1425 бодови.