Џет-Сет
21. February 2017 - 9:33

Парис Хилтон главна ѕвезда на „Холивуд Бјути Авардс“

Главна ѕвезда на црвениот тепих на овогодишното доделување на наградите „Холивуд Бјути Авардс“ во Лос Анџелес беше Парис Хилтон, која заблеска во фустан во сребрена боја.

До неа беше нејзиното ново момче, 31-годишниот манекен и глумец Крис Зилко.

Тоалетата е инаку дело на дизајнерот Огуст Гети, а длабокото деколте и пррдизвика големи проблеми на славната русокоса. 3а среќа, таа практично порасна со провокативните креации и по црвените теписи, па тоа не и е непознато.

Богаташката го искомбинира фустанот со сребрени шпиц потпетици и металик чантичка, а коса ја разубави со помош на екстензија, па така изгледаше како ѕвездите од златното доба на Холивуд, што според многумина, совршено и прилега.

Парис ја доби наградата „Парфем на годината" за својот „Голд Раш“.